Уругвај во луд меч славеше над Колумбија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Уругвај во трилер меч на домашен терен славеше со 3-2 над Колумбија во 11. коло од јужноамериканските квалификации за настап на Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Гостите стигнаа до водство од 0-1 со голот на Кинтеро во 31. минута. Домаќините израмнија на 1-1 со автоголот на Санчез во 57. минута. Само три минути подоцна целосен пресврт (2-1), донесе Агире. Колумбија во 96. минута преку Гомез израмни на 2-2, а кога сите мислеа дека  тоа ќе биде конечен резултат Угарте во 101. минута донесе триумф за Уругвај од 3-2.

Во вториот меч од синоќешната понуда без голови 0-0 одиграа Перу и Чиле.

Се вчитува...