Уругвајскиот фудбал завиен во црно: Почина Фабијан О’Нил, екс играчот на Јуве, Калјари

Уругвајскиот фудбал е во тага по веста дека на 49-годишна возраст почина Фабијан О’Нил. Екс играчот на неколку италијански клубови, меѓу кои на Калјари и на Јувентус, бил итно хоспитализиран вчера поради заболување на црниот дроб, и беше на интензивна нега. Неговата состојба денеска се влошила, и не успеа да ја добие најважната животна битка. Имаше 49 години.

О’Нил веќе бил хоспитализиран во јули 2020 година поради заболување на црниот дроб и инфекција на уринарниот тракт. Во 2003 година се повлече од професионалниот фудбал, и потоа играше во нисколигаши во својата родна земја. Беше дел и од репрезентацијата на Уругвај за која настапи 19 пати и постигна два гола. Беше дел од уругвајскиот национален тим на СП 2002 година, но не доби шанса за настап.

О’Нил ја почна професионалната кариера во Национал, а најмногу играше во Калјари од 1996 до 2000 година. Во сезоната 2000-2001 беше дел од Јувентус, а потоа играше за Перуџа, па се врати во Калјари, а во 2003 година се врати во Национал.

Во 2012 година, Уругваецот призна дека учествувал во местени натпревари во Серија „А“ за обложување.

Од него се прости неговиот матичен клуб Национал.

Се вчитува...