УС опен: Го разбираме Вимблдон, но нашиот план не се менува

Раководството на УС опен се огласи со соопштение, по повод одлуката годинашниот Вимблдон да биде откажан истакнувајќи дека ги разбираат причините поради ваквата одлука. Вимблдон е откажан за првпат по 75 години, а од УС опен соопштуваат дека оваа одлука нема да влија на одржувањето на турнирот во Њујорк.

„Разбираме зошто е откажан Вимблдон. Во овој момент и понатаму планираме УС Опен да се одржи како што е по распоред. Внимателно ги следиме промените на ситуацијата со коронавирусот и сме подготвени за секое сценарио. Сепак, во прв план секогаш мора да биде здравјето на сите“, стои во соопштението од УС опен. 

 

Се вчитува...