Новак Ѓоковиќ го прекиа походот за одбрана на трофејот на УС Опен. Поради повредта на рамото му го предаде осминафиналниот меч на Станислас Вавринка во моментот кога губеше со 2-0 во сетови.
Во пресрет на третиот сет, Ѓоковиќ побара медицинска пауза поради болки во рамото, потоа дури и без загубен поен го доби воведниот гем од третиот сет, но издржа само до 2-1 во гемови за Вавринак и се повлече од теренеот.
Во четвртфиалето, Варвинка ќе се соочи со Данил Медведев кој пак забележа осминафинален тирумф од 3-1 над Германецот Доминик Копфер. Формирана и уште една четвртфиална двојка, Роџер Федерер ќе игра против Григор Димитров додека останатите османфинални пресметки се закажани за денеска.
Серена Вилијмс-Кианг Ванг и Елина Свитолиа-Јоана Конта се првите две четвртфинали двојки на женскиот дел од турнирот. Серена забележа победа во два сета над Петра Мартиќ, додека подвиг направи Кинеската, Ванг со елиминацијата на втортата носителка, Ешли Барти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА