УС Опен: Крај за Монфис, понатаму одат Пол и Зверев

Роман Сафиулин се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на САД со победа над Гаел Монфис по пет сета со резултат 3:2 (6:4, 2:6, 6:1, 3:6, 6:4).

Постариот Французин, кој за пет дена ќе наполни 39 години, продолжува да изведува акробатски движења и поени, што е вистински „магнет“ за публиката.

Оттука и сликите од „Флашинг Медоус“ каде што имаше долги редици за влез во теренот број пет, за да го гледаат шоуто на Францусинот, кој немаше сила да го победи аутсајдерот од овој дуел. 

Во следната фаза на УС Опен се пласираше Томи Пол, елиминираји го данскиот тенисер Елмер Молер со 3-0 во сетови 6-3, 6-3 и 6-1. Александар Зверев исто така оди во следнат афаза откако го победи Табило од Чиле со 3-0. Германецот иаше проблем само во вториот сет кога мораше да игра тај-брејк, додека другите два ги доби со 6-2 и 6-4.

Се вчитува...