УС ОПЕН: Шок за Циципас, елиминиран на стартот од 94. тенисер во светот

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој е на петтото место на АТП листата, го заврши учеството на УС Опен уште на стартот откако беше елиминиран од 94. тенисер во светот, Даниел Галан од Колумбија.

По сетови беше 6-0, 6-1, 3-6 и 7-5 за Колумбиецот, после нешто повеќе од 160 минути игра. Следен ривал на најголемото изненадување досега ќе биде Џордан Томпсон од Австралија, кој го совлада Лоренцо Сонег.

Очигледно дека на Циципас не му оди на УС Опен, со оглед дека максимум има стигнато само до третото коло.

Американската тенисерка Серена Вилијамс, се пласираше во второто коло на УС Опен, победувајќи ја Данка Ковиниќ од Црна Гора после два сета. Со тоа Вилијамс ја продолжи кариерата, и во второто коло ќе игра со втората носителка Анет Контавејт. Пред три недели Серена најави дека УС Опен ќе и биде последниот турнир во кариерата. Таа досега има освоено 23 грен-слем трофеи.

Во второто коло се пласираше Ник Кирјос кој го совлада Танасиј Коканикас со 6-3, 6-4 и 7-6.

Се вчитува...