УС опен со рекорден награден фонд

Последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС опен го објави наградниот фонд за годинашното издание.

Ова ќе биде најголемиот награден фонд во историјата на тенисот кој е за дури 38 отсто поголем од минатогодишниот на истиот турнир.

Тоа значи дека шампионите во машка и женска конкуренција ќе добијат по 5 милиони долари за освојување на трофејот.

Последниот гранд-слем турнир во сезоната стартува на 24. август, а титулите од минатата година ги бранат Јаник Синер и Арина Сабаленка.

Се вчитува...