Синоќа е завршена уште една голема спортска кариера. Веројатно најдобриот спринтер на сите времиња и најбрз човек на светот, Усаин Болт му кажа збогум на тартанот. Но, за жал, на неславен начин.
Болт трчаше во последната замена за Јамајка во штафетното финале 4х100 метри на СП во Лондон, но доживеа повреда и падна пред целта. По трката и самиот Болт се огласи пред светската спортска јавност потенцирајќи дека на сакал да заврши на овој начин…
„Ова не е начинот на кој сакав да ја завршам кариерата. Се што имав оставив на патеката. Дадов се од себе, како и секогаш“ – вели Болт и дополнува:
„Жал ми е што не бев во можност да се поздравам на вистински начин со целата јавност, но денеска на последниот ден од СП повторно ќе бидам на стадионот и ќе се поздравам со сите присутни и сите оние кои толку ме поддржуваа изминатите години“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА