По само една сезона пауза, тунискиот репрезентативец Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на македонскиот ракометен шампион Пелистер.
31-годишниот десен бек потпиша договор на една сезона. Хосни го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24, откако со битолскиот клуб ја освои титулата сезона претходно.
Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар. Како што најавуваат од таборот на шампионот претставувањето на Хосни во Битола е предвидено на стартот на подготовките, на крајот од месец јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА