Еден од најдобрите фудбалери на Ренова, Мухамед Усеини денеска треба да официјализира договор за трансфер во албанскиот прволигаш Фљамуртари од Валона, кој е предводен од поранешниот тренер на Шкендија, Шпетим Дуро.
29-годишниот Усеини веќе е договорен со Фљамуртари, па денеска во Валона се очекува само дефинитивно потпишување на договор за меѓусебна идна соработка. Усеини е поранешен фудбалер на Шкендија и Работнички, а има и еден настап во дресот на македонската репрезентација.
Како што е познато, претходно едногодишен договор со Фљамуртари потпиша и досегашниот крилен дефанзивец на Работнички, Горан Силјановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА