Пријавувањето на Skopje Run 10K завршува на 1. октомври 2019 или до исполнување на предвидениот број на учесници.
Третата по ред Skopje Run 10K е повторно организирана од искусниот тим на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје. Минатата година околу 1.600 тркачи излегоа на патеката на прекрасното време и целосно ја пренесоа пораката дека спортот и спортскиот начин на живот е значаен дел од секојдневието во Скопје и Македонија.
Skopje Run 10K ќе се одржи во недела, 6. октомври 2019 година, со почеток во 09.00 часот. На агендата се две трки и тоа 10 км и штафетна трка 2 х 5 км каде двајца тркачи трчаат по 5 км и каде секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите можат да бидат мешани, машки и женски. Стартните пакети ќе се подигаат на 4 и 5 октомври на во кугланата во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. Потребно е да покажете документ за идентификација при подигање на стартниот пакет.
Сите заинтересирани треба да се пријават на http://www.skopje.run или www.smartrace.club.
Самата трка оваа година е малку променета и стартот е од фонтана Лотус, по што се трча по бул. Илинден до ул. Никола Парапунов каде што се врти назад повторно до финишот кој е кај фонтана Лотус.
Истата може да се прегледа детално на:
3D мапата е поддржана од Pic2Go кои и оваа година се дел од Skopje Run 10K и од кои секој може да ги сподели своите фотографии на социјалните мрежи по завршување на трката. За повеќе детали посетете ја http://www.pic2go.mk/
Генерален покровител на трката е Агенцијата за Млади и спорт, покровител е Град Скопје и огромна помош имам и од партнерите и спонзорите. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Работнички и Атлетската федерација на Македонија и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА