Уште десет нови случаи на корона пред ЛОИ во Токио

Организацискиот комитет на Летните олимписки игри во Токио соопшти дека меѓу спортистите кои се сместени во олимпиското село се детектирани случаи на коронавирус. Позитивни на Ковид-19 се десет лица кои се дојдени од странство, од кои во олимпиското село се двајца спортисти, како и еден спортист кој не се наоѓа во него.

Не е соопштено за кои спортисти се работи и од кои држави доаѓаат. Летните олимписки игри своето свечено отворање ќе го имаат на 23. јули, а ќе траат до 8. август кога ќе биде церемонијата на свеченото затворање. Игрите ќе се одржат под строги услови, без публика и покрај големото противење за нивно одржување на народот во Јапонија.

Се вчитува...