Уште два НБА тима ги затворија тренинг центрите

Милвоки и Сакраменто се најновите НБА тимови кои решија да ги затворат тренинг центрите поради позитивни случаи на коронавирус. Нема информации за кои кошаркари се работи. Секој кошаркар кој има позитивен тест мора да оди во изолација, а потоа да има два негативни резултати за да може да биде дел од тимот во ре-стартот на сезоната.

Двата клуба нема да ги отвораат центрите се до заминувањето на Флорида. Веќе седум од 22-та клуба кои треба да играат во продолжението од НБА сезоната во Орландо имаат затворени тренинг кампуси поради COVID-19. Претходно на ваков потег се решија и Денвер, Мајами, Лос Анџелес Клиперс, Феникс и Њу Џерси.

30. јули е терминот предвиден за продолжението на сезоната. Прво, по изменет систем ќе биде комплетиран остатокот од регуларниот дел за да бидат добиени учесниците во плеј-офот. Сите натпревари ќе бидат играни во кампусот на Дизни во Орландо.

Се вчитува...