Уште двајца ракометари на Вардар 1961 позитивни на Ковид-19 по најновите тестирања на сите членови на клубот. Како што информираат од таборот на црвено-црните, играчите кои имале позитивен тест немале никаков контакт со останатите во клубот.
„Во следниот период Вардар 1961 ќе се подготвува за два дуели со Кјелце во рамките од ЕХФ лигата на шампионите, а од денеска тимот е повторно на собир и тренира во СЦ „Јане Сандански“. Во тимот недостасуваат играчите кои се со своите репрезентации, и вкупно седум ракометари ќе настапат во рамките од ЕХФ неделата. Пред почетокот на тренирањето направени се тестирања. При добивањето на резултатите од тимот, стручниот штаб и сите кои се во меѓусебен контакт, двајца членови на тимот добија позитивен резултат. Играчите кои имаат позитивен тест немале допир со соиграчите, и резултатите пристигнале пред тренингот, па тие воопшто не се појавиле во сала. И двајцата членови на нашиот тим немаат симптоми и познато е дека се заразиле од блиски. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два кои се појавија во тимот. Согласно протоколите истите нема да бидат со екипата. Другите ракометари продолжуваат со тренирањето и се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот“ – информираат официјално од РК Вардар 1961.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА