Одличните настапи во последните две сезони, му носат само добри понуди за Бојан Миовски. После интересот од Саутемптон, Селтик, Глазгов Ренџерс, Болоња, уште еден тим влегува во трката за неговиот потпис.
Најнов тим во редот заинтересирани за македонскиот голгетер е тимот на Норич, кој се натпреварува во Чемпионшип.
Миовски во изминатата сезона беше трет стрелец во регуларниот дел на првенството во Шкотска, со 14 голови, а вкупно постигна 16 голови, четири гола постигна во Купот, и два во меѓународните натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

