Уште еден Аргентинец во преговори со Вардар (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалер Хоакин Торес, кој има 28 години и во моментов е слободен агент, е пред прагот да потпише со Вардар. Преговорите се во тек, и самиот играч веќе се согласил да дојде, меѓутоа има уште некои детали кои ќе треба да се досредат за да се комплетира трансферот.

Станува збор за крилен фудбалер, кој може да игра на двете страни, како и во нападот, и потекнува од школата на Њуелс Олд Бојс, од каде потекнува и големиот Лионел Меси, а потоа бил дел од тимот од САД, Филаделфија Унион, каде што вредноста во тоа време му е 2 милиони евра. Бил дел и од грчки Волос, и ова поднебје му е сосема познато.

Се вчитува...