Уште еден Белингам ќе го носи дресот на Борусија Дортмунд. Тоа секако нема да биде Џуд, туку неговиот помлад брат Џоб, кој се приклучува на „милионерите“ од тимот на Сандерленд кој освои место во Премиер лигата.
Младиот англиски фудбалер пристигнува во Дортмунд во трансфер вреден 33 милиони евра, плус пет проценти бонус што оди во Сандерленд од следната продажба.
Ова ќе биде втор најголем трансфер во историјата на германскиот клуб.
Неговиот постар брат Џуд играше за Дортмунд од 2020 до 2023 година и замина во Реал Мадрид во трансфер што би можел да достигне бројка од 133,9 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

