Младиот бисер на Црвена Звезда, Јован Мијатовиќ оваа зима заминува од редовите на белградскиот тим и кариерата ќе ја продолжи во првенството на Соединетите американски држави каде ќе настапува за Њујорк Сити, тимот кој е под водство на Сити групацијата чиј дел е и Манчестер Сити.
Очекувањата се дека 18-годишниот Србин ќе реализира трансфер вреден осум милиони евра, но остануваат да се договорат сите детали со кои оваа сума би можела да се намали за милион евра со понатамошна заработка на Црвена Звезда од неговиот следен трансфер од 10 до 15 отсто, откриваат српските медиуми.
Напаѓачот сезоната ќе ја заврши во шампионатот на САД, но веќе на лето се очекува да се врати во европскиот фудбал. До преселба во Северна Америка ќе дојде поради нема право да биде лиценсиран во Европа за трет пат сезонава. Сити групацијата во Србинот гледа голем талент кој наскоро би можел да конкурира и за место во актуелниот европски шампион Манчестер Сити.
Наскоро се очекува да биде официјализиран и трансферот на Коста Недељковиќ во Астон Вила со што Црвена Звезда ќе направи голема заработка од своите таленти во кус период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА