Уште еден блесок на македонската атлетска репрезентација вреден за издвојување од првиот ден на Европското екипно првенство – Трета лига во Марибор, Словенија.
Изненадувањето на денот дојде од младиот 18-годишен Брајан Авиа, македонскиот репрезентативец, се уште младинец, чиј татко е од Нигерија а мајка Македонка од Скопје, кој се одлучи да се натпреварува под македонското знаме.
Авиа, во дисциплината скок во височина, со скок од 2.06 метри, постави нов личен рекорд, и го освои одличното трето место, подобрувајќи го својот личен рекорд за 5 сантиметри. Беше блиску и до првото место, но несреќно не успеа да ја прескокне височината од 209 сантиметри.
Сепак, за Авиа во блиска иднина останува предизвикот да го собори македонскиот сениорски и младински рекорд од 210 сантиметри.
https://www.facebook.com/share/v/1Y6DUyScBG/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

