Уште една голема трагедија се случи во светот на боксот, само неколку дена откако Русинот Максим Дадашев почина од последици од повреди добиени во ринг. На истиот начин светот го напушти и Аргентинецот Уго Алфредо Сантилјан.
Тој во саботата имаше меч против Едуардо Хавиер Абре кој заврши без победини, а вчеравечер беше објавено дека починал од последица на ударите кои што ги примил во борбата.
Сантилјан имаше две операции на мозокот во болницата во Буенос Аирес, кои не беа доволни за да преживее. Тој во кариерата забележа 19 победи, 6 порази и 2 нерешени, а во текот на кобниот меч тој обилни крвареше, а во моментот на соопштување на нерешениот резултат се онесвести.
Hugo Santillan is the second boxer in 4 days to die from injuries incurred in the ring. He was just 23 years old. ? pic.twitter.com/ETTdrQ5s1Q
— theScore (@theScore) July 25, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА