Северна Ирска која е втора репрезентација во нашата група ни приреди уште еден дебакл, но сега на свој терен. По срамниот пораз од 11-0 во Скопје, сега ги „почести“ фудбалерките на Македонија со 9-0.
Ова беше натпревар од шестото коло од квалификациите за СП меѓу Северна Ирска и Македонија.
Селекторот Кирил Изов и овој пат не можеше да смета на најдобрите фудбалерки како Андонова и Рочи, а оние кои играа уште еднаш се посрамотија.
Северна Ирска ни даде дури четири голови во првото и пет во второто полуверме. Македонија и по овој пораз останува на претпоследното место со освоени три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА