Уште еден доказ дека и со ВАР нема правда: Судијата гледаше, гледаше.., ама ништо не виде… (ВИДЕО)

Жил Висенте славеше со 3-1 против Боависта синоќа во 32. коло од шампионатот на Португалија.

Но, мечот послужи како уште еден доказ дека ВАР-системот и тоа како потфрла во добар дел случаи во кои треба да донесе правда.

На пет минути пред крајот на мечот, главниот судија одлучи да досуди пенал за домашниот тим. Беше повикан од ВАР собата, долго, долго се консултираше со „системот“, долго ја гледаше повторената снимка но на крај очигледно ништо не виде.

Не ја промени својата одлука иако беше очигледно дека топката го погоди во глава играчот на Боависта. Тешко им беше и на коментаторите да објаснат што точно видел судијата на мечот.

Се вчитува...