Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ е најновиот член на олстар-тимот на деценијата на Евролигата, беше објавено денеска на официјалната веб-страница на елитното европско натпреварување.
Богдановиќ како тинејџер дебитираше во Евролигата како член на Партизан во октомври 2012 година, а експресниот развој му го донесе и признанието „Ѕвезда во подем“ за сезоната 2013/14. Тој се пресели во Фенербахче, каде три години по ред со турскиот гигант стигнуваше до фајналфор турнирите. Најголем успех во Евролигата дефинитивно му е кревањето на шампионскиот пехар во 2017 година, при што тој беше избран за член на идеалната петорка на ова натпреварување.
Богдановиќ е уште еден во низата поранешни соиграчи на Перо Антиќ кои стануваат дел од ова одбрано друштво, по Кајл Хајнс и Јоргос Принтезис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

