Челси со соочува со голем „ребилдинг“ на тимот во кој по големата сума потрошена на трансфери претходната сезона, ова лето сме сведоци на бројни заминувања како оние на Каи Хаверц, Мејсон Маунт и Матео Ковачиќ кои завршија во редовите на ривалите Арсенал, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Голема е веројатноста дека овие двајца нема да бидат единствените кои од Челси ќе преминат во ривал на „сините“ со оглед на тоа што голем интерес за ангажман на Конор Галагер изрази Тотенхем. „Петлите“ во репрезентативецот на Англија гледаат замена за Пјер-Емил Хојбјерг кој се наоѓа на излезните врати.
Галагер потекнува од младинската школа на Челси, а во минатото настапуваше и како позајмен играч во Чарлтон, Свонси, Вест Бром и Кристал Палас. Претходната сезона 23-годишникот настапи на 35 натпревари за „сините“, но Покетино веќе дал зелено светло за трансфер и ново заминување од „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

