Фудбалската асоцијација на Англија, поднесе обвиниение против фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета поради вмешаноста во нелегално обложување. Наводно на некои натпревари Бразилецот намерно добивал жолти картони, а сето тоа било поврзано со обложување во неговата татковина.
Фудбалерот кажа дека е крајно изненаден што бил обвинет. Претходно обвиниение и казна доби и Сандро Тонали, а беше суспендиран и Ајван Тони од Брентфорд.
„Крајно сум изненаден и вознемирен што ФА одлучи да ме обвини. Девет месеци соработував на секој чекор од нивната истрага и ги давав сите информации што можев. Ги отфрлам наводите во целост и ќе се борам до последен здив за да докажам дека сум чист. Поради процесот што е во тек, нема да давам дополнителни коментари“, рече Пакета.
Пакета е на мета на Манчестер Сити, кој е подготвен да плати 100 милиони евра за услугите на овој фудбалер, кој во минатото играше за Милан. Но, сега трансферот е доведе во прашање поради овој скандал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА