Уште еден фудбалер си заминува од Баерн Минхен на крајот од сезоната

После Леон Горецка кој сигурно заминува од Баерн Минхен, овој тим ќе се раздели со уште еден фудбалер. Станува збор за португалскиот интернационалец Рафаел Гереиро кој ќе си замина како слободен на крајот од сезоната.

Договорот на 32-годишниот фудбалер истекува ова лето, и истиот нема да биде продолжен. Тој дојде од Борусија Дортмунд како слободен играч, и веројатно ќе ја заврши епизодата во Минхен, и покрај тоа што Компани искажуваше суперлативи за него.

Оваа сезона Португалецот одигра 23 меча за „Баварците“, постигна четири гола и имаше три асистенции. Други клубови од Бундеслигата, како и француската Лига1 и италијанската Серија А веќе покажуваат интерес за овој играч.

Се вчитува...