Борусија Дортмунд ќе добие значителна финансиска инјекција по пласманот во финалето од Лигата на Шампионите, а управата на клубот реши да инвестира дел од овие пари во нови фудбалери.
„Милионерите“ се исклучително активни во раната фаза од преодниот рок, веќе е договорен трансферот на дефанзивецот Валдемар Антон од Штутгарт, а Борусија е блиску до ангажман на уште еден германски репрезентативец. Станува збор за Паскал Грос, искусниот 33-годишен играч за врска кој настапува за Брајтон во Премиер-лигата, но веќе изразил желба да се врати во татковината. Германските медиуми тврдат дека последната рунда преговори завршила и повеќе од успешно, откако биле договорени сите детали за двогодишна соработка, со можност за уште една дополнителна сезона, клаузула што може да ја активира раководството на Борусија летото 2026 година.
Останува уште да се постигне договор меѓу клубовите, но челнците на Борусија се оптимисти дека ќе најдат заеднички јазик со раководството на Брајтон. Цената не би требало да изнесува повеќе од 15 милиони евра, ако се знае дека Грос има 33 години, но и само уште 12 месеци од актуелниот договор со англискиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА