Наполи прави голем ремонт во играчкиот кадар за наредната сезона, откако „наполитанците“ летово останаа без неколку играчи кои беа лидери во тимот во претходните години.
Кулибали е единствениот што беше продаден, во Челси за 40 милиони фунти, капитенот Инсиње се пресели во Торонто, а својата иднина надвор од Неапол ја гледа и Дрис Мертенс. Белгискиот голгетер со години наназад е меѓу најдобрите напаѓачи на „сино-белите“, неговиот договор истече уште на 30 јуни, во изминатите денови се водеа преговори за тој да остане во клубот, но разговорите не вродија со плод.
„Му понудивме на Мертенс 2,4 милиони евра плата, но тој одби. Инсистираше на договор на само една година, под услови што беа неприфатливи за нас“, изјави првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
Лацио важи за голем фаворит во трката по Белгиецот, откако Маурицио Сари побарал од челниците на римскиот клуб да му го доведат голгетерот со кого имаше беспрекорна соработка додека седеше на клупата на „наполитанците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА