Кошаркарот на Фенербахче, Нандо де Коло, е најнов член на „тимот на деценијата“ на Евролигата, објави денеска елитното европско кошаркарско натпреварување на официјалната веб-страница. Францускиот бек со голем успех го носеше дресот на неколку евролигаши, па местото во избраното друштво е сосема заслужено.
Де Коло дебитираше во Евролигата во сезонта 2010/11, носејќи го дресот на Валенсија, откако го предводеше овој тим до пехарот во Еврокупот претходната сезона. Најдобрите моменти во Евролигата ги имаше во дресот на ЦСКА Москва, тим со кој потпиша во 2014 и чии бои ги бранеше пет сезони. Тој освои две европски круни, во 2016 и во 2019 година, а при онаа првата ги собра и наградите за најдобар стрелец, МВП на сезоната, МВП на фајналфор-турнирот и место во идеалната петорка на сезоната.
Пред Нандо де Коло, за членови на „тимот на деценијата“ на Евролигата беа избрани и Наваро, Хајнс, Дончиќ, Теодосиќ и Дијамантидис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА