Одбојкарите на Франција беа пред елиминација, откако имаа негатива од 2-0 против Германија, но се издигнаа од „пеколот“, и на крај со голем пресврт славеа победа за пласман меѓу најдобрите четири на ЛОИ.
Слично како и претходно Италија, која губеше со 2-0 од Јапонија, па се „протна“ во полуфиналето, така и Французите. Првите два сета ги добија Германците со 18-25, и 26-28. Во третиот сет се издигнаа над проблемите и славеа со 25-20, па го добија и четвртиот сет со 25-21, а носени од својата публика го добија и петтиот со 15-13 за да го комплетираат големиот пресврт.
Франција во полуфиналето ќе игра против Италија, додека Полска го чека вечерва подобриот од дуелот САД – Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА