Јувентус се реши да не му даде нов договор на крилниот фудбалер Федерико Бернандески, и тој како слободен агент може да го напушти тимот на лето. 28-годишниот играч дојде од Фиорентина, но не ги оправда очекувањта, па така тимот од Торино нема да му понуди нова соработка.
Една од можните дестинации за италијанскиот репрезентативец е Рим. Двата тима од овој град Лацио и Рома се интересираат за крилниот играч, а има понуди и од Англија.
Бернандески во 2017 година од Фиорентина стигна во Јувентус како големо засилување, откако ги мина сите младински школи на „виолетовите“. Тогаш Јуве го плати 30 милиони евра, во моментов неговата вредност е двојно помала.
Од претходно беше јасно дека како слободен агент летово од Јуве заминува у Паоло Дибала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА