Уште еден играч од шампионскиот Леверкузен се сели во Баерн Минхен

Полека, но сигурно шампионскиот тим на Баер Леверкузен се растура. Прв кој ќе повлече нога е Флоријан Вирц, чија желба е да се пресели во Баерн Минхен, а сега по неговите стапки тргнува и неговиот соиграч Џонатан Та.

Вирц можеше да бира каде сака да оди, се чинеше дека ќе замине со неговиот ментор Чаби Алонсо во Реал Мадрид, меѓутоа тој се одлучи да остане во Германија, и да се пресели во Баерн Минхен. Се псоменува сума од 150 милиони евра, но се чини дека двете страни ќе дојдат до договор од 125 милиони евра.

Истото се однесува и за Та. Та сега сака да оди во Баерн Минхен, и наводно веќе почнал преговори за негов трансфер во таборот на најголемиот германски клуб. Та би се преселил во Минхен како слободен играч, со оглед дека веќе му е истечен договорот со „фармацевтите“ и одлично би дошол во одбраната на „Баварците“ која се покажа како една од најслабите алки во последните две години.

Та и Вирц заминуваат, Алонсо се сели во Реал Мадрид, а во тимот на Баер Леверкузен повеќе ништо нема да биде исто.

Се вчитува...