Андреј Митиќ е најновиот ракометар на Металург што си заминува од таборот на клубот од Автокоманда, и тоа на позајмица до крајот на сезонава. Младиот пивот се пресели во редовите на Скопје, клуб каде ќе настапува до финишот на оваа сезона, по што би требало да се врати во таборот на Металург доколку поранешниот првак на Македонија ги надмине сериозните финансиски проблеми со кои се соочува.
Пред Митиќ, клубот на позајмица го напушти и Костадин Петров, кој ќе го носи дресот на Вардар до крајот на оваа сезона.
Металург има рок од само уште неколку дена да ги покрие долговите кон Шпенде и Кастратовиќ за да биде укината суспензијата и клубот да продолжи да се натпреварува во плејаут-лигата. Доколку тоа не се случи, „металурзите“ ќе бидат исфрлени од лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА