Александар Трајковски веќе не е играч на Ал-Фајха. Тој си замина од клубот од Саудиска Арабија, и ќе има нов ангажман, а веројатно офанзивниот играч на македонската репрезентација ќе направи „кам-бек“ во Италија.
Палермо веќе долго време е заинтересиран за неговите услуги, пред неколку денови излезе информација дека Џенова исто така го „мерка“ Македонецот, а италијанските медиуми пишуваат дека сега и Лече се вклучува на списокот на заинтересирани клубови на македонскиот репрезентативец.
Лече минатата сезона успеа да обезбеди опстанок во Серија „А“, а сега гради тим со кој ќе го повтори истиот успех. Трајковски има големо искуство играјќи во Италија, откако четири години беше дел од Палермо, од 2015 до 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА