Уште еден јубилеј на неверојатниот Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо ја предводи Португалија на вечерашниот дуел на домашен терен против Порто, меч на кој Роналдо слави уште еден фантастичен јубилеј – 200 настапи во дресот на националниот тим.

Публиката на „Драгао“ во чест на најдобриот португалски фудбалер истакна огромен транспарент „ЦР200“, за одбележување на супер-јубилејот на големиот ас.

За фештата да биде комплетна, Роналдо уште во првото полувреме се запиша меѓу стрелците, постигнувајќи гол од пенал за водство на Португалија од 2-0.

Се вчитува...