Уште еден кениски атлетичар доби суспензија поради допинг

Нов скандал ја тресе атлетиката. Познатиот олимпиец Роџерс Квемои е суспендиран на шест години. Кениецот е суспендиран откако биле откриени неправилности во неговиот биолошки пасош.

Квемои во периодот од 18. јули 2016 година до 8. август 2023 година имал големи отстапувања во резултатите од допинг тестовите и тоа довело до казната. Заедно со суспензијата што му беше изречена, беа избришани и сите резултати што ги забележа во сениорската кариера.

Така тој остана без титулата светски првак за натпреварувачи до 20 години во трката на 10.000 метри (2016) и бронза на Игрите на Комонвелтот 2018 година во истата дисциплина, како и без победа на полумаратонот од Истанбул во 2022 година.

Сè што му преостанува е екипното злато освоено на Светското првенство во крос кантри 2015 година.

Се вчитува...