Тотенхем на домашен терен освои само бод на домашен терен против Вулверхемптон 2-2, иако имаше предност од 2-1 до пред самиот финиш.
Хванг во 7. минута донесе предност на „Варт Харт Лејн“, која веднаш беше „поништена“ од страна на Бентанкур.
Сон потоа промаши пенал, но Џонсон ја поправи неговата грешка и му донесе нова предност на Тотенхем. Водството беше актуелно до 87. минута кога Ларсен погоди и донесе бод за „волците“.
Евертон тоне се подлабоко. Откако пред само неколку дена остана непоразен на „Етихад“, на домашен терен загуби од одличниот Нотингем Форест со 0-2, кој и натаму е на врвот на табелата. Вуд во 15. минута донесе предност, а Гибс-Вајт во 61. минута дефинитивно ја обезбеди победата на гостите.
Фулам и Борнум исто така одиграа нерешено 2-2. Фулам два пати водеше, но гостите стигнаа на крајот до еден бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА