Канадската екипа во американски фудбал, Едмонтон Ескимос објави дека ќе го промени името поради притисок од јавноста и спонзорите, исто како што неодамна го направи НФЛ франшизата на Вашингтон Редскинс.
Управниот одбор на Едмонтон донесе одлука да не го користи веќе името Ескимос, се наведува на официјалната страна на клубот. Слично како и во ситуацијата со Редскинс и канадските староседелци Инуити го критикуваа клубот поради навредливото име „Ескими“, а најголем притисок направи и еден од спонзорите.
Екипата од провинцијата Алберта во западна Канада која 15 пати беше шампион на канадската лига до носење на ново име ќе се вика само Едмонтон.
— EE Football Team (@EdmontonEsks) July 21, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

