Уште еден кошмар со тешка повреда во Ливерпул

Проблемите со повредени фудбалери на Ливерпул се зголемуваат со секој нареден натпревар, а на долгата листа на отсутни фудбалери се најде и Ватару Ендо.

Јапонскиот ас за првпат сезонава доби улога на стартер во Премиер-лигата, но финишот од мечот со Сандерленд се покажа кобен. Ендо се повреди, се обиде да продолжи, но неколку минути подоцна остана да лежи на теренот во агонија, по што стана јасно дека проблемот е сериозен.

„Станува збор за проблем со стопалото. Чекаме уште неколку прегледи, но она што е јасно, Ендо ќе мора да паузира подолго време“, изјави Арне Слот на денешната прес-конференција.

Ливерпул ќе биде без Конор Бредли до крајот на сезонава, Слот се уште не може да смета ниту на Фримпонг, а Џо Гомез исто така се мачи со повреда, па јасно е дека позицијата десен бек е најболна точка во тимот на „црвените“.

Се вчитува...