Уште еден маестрален меч: Нов „трипл-дабл“ на Вестбрук

Оклахома славеше синоќа во НБА лигата против Бруклин со 122-104, во уште еден извонреден меч на Расел Вестбрук.

Плејмејкерот на Оклахома запиша 25 поени, 19 асистенции и 12 скока на тој начин стигнувајќи до 33-от „трипл-дабл“ во сезоната. Моментално пред него е само Оскар Робертсон, кој во сезоната 1961/62 запиша дури 41 „трипл-дабл“.

Во гостинската победа на Оклахома се истакна уште и Виктор Оладипо со 21 поен, како и Кантер и Тај Гибсон со по 17 постигнати поени. Домашните беа предводени од Брук Лопез кој мечот го заврши со 25 поени.

Оклахома во моментов е на шестото место на Западот со скор од 38-29, додека Бруклин е последен на Истокот со 12 победи од 66 одиграни меча.

Голден стејт на свој паркет славеше против Филаделфија со 106-104. Во возбдулива завршница Вориорс славеа благодарение на Кари кој постигна 29 поени, додека на спротивнсата страна беше Дарио Шариќ со 25 поени, како и седум скока и шест асистенции.

Во останатите дуели, Њу Орлеанс победи против Портланд со 100-77, во натпревар во кој Казинс постигна 22 поени и имаше и девет скока, а Дејвис заврши со 15 поени и 15 скока. Њујорк беше подобар од Индијана со 87-81, а Кливленд го „демолираше“ Детроит победувајќи со 128-96.

Се вчитува...