Уште еден Македонец со медал од ЛОИ – Андоновски до бронзата со селекцијата на САД

Уште еден Македонец се закити со медал на Летните олимписки игри во Токио. Македонскиот тренер Влатко Андоновски, како селектор на женската фудбалска селекција на САД стигна до бронзата на ЛОИ.

Во битката за третото место, репрезентацијата на САД славеше со 4-3 против Австралија.

Американките имаа предност од 3-1 на полувремето, потоа дојдоа и до 4-1 со голот на Лојд во 51. минута, за да Австралијките со два гола во финишот единствено успеат да го ублажат поразот.

Се вчитува...