Поранешниот младински репрезентативец Кристијан Трапановски е пред промоција во дресот на новиот шкотски премиерлигаш Данди јунајтед.
Уште еден Македонец, по Бојан Миовски и Давор Здравковски, се очекува да биде дел од најсилниот шампионат во Шкотска следната сезона. Актуелниот офанзивец на Шкупи, според последните информации од Островот, веќе е пред договор со Данди јунајтед и тоа на инсистирање на Џим Гудвин, човекот кој пред две години го ангажираше Бојан Миовски во Абердин.
Гудвин кој сега е менаџер на Данди јунајтед инсистирал на доведување на 24-годишниот Трапановски кој во клубот ова лето би одел како слободен играч, бидејќи на крајот од сезонава му заврши договорот со чаирчани.
Трапановски, претходно во својата кариера настапуваше и за АП Брера, чешките Славија Прага и Викторија Жижков како и Татран Прешов во Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА