Уште еден маратонец од Кенија е позитивен на допинг тест!

Мариус Кипсерем, маратонецот од Кенија, доби три години суспензија од Светската атлетска федерација, откако беше позитивен на тестот за забранетата супстанца еритропоетин (ЕПО).

Двократниот победник на маратонот во Ротердам е седмиот Кениец што е казнет оваа недела за прекршување на правилата за допинг.

Минатата недела суспендирани беа Дијана Кипјокеи и Бети Вилсон Лемпус поради употреба на забранети супстанции. На оваа листа се и Ибрахим Мукунга и Кенет Кипроп Рењу, Марк Кангонго и Филип Качеран.

Се вчитува...