Расте незадоволството на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Амад Диало кој ретко добива шанса кај Ерик тен Хаг. Нема ниту еден меч како стартер, а има само три натпревари како играч кој влегува од клупата.
Нема да биде прв ниту последен кој истакнува незадоволство за минутажа, а според англиските медиуми тој ќе биде „новиот Санчо“ во редовите на тимот од Олд Трафорд, и многу веројатно на лето ќе си замине.
Тој беше платен 40 милиони евра со се бонуси на Аталанта, а минатата сезона мина како позајмен во Сандерленд, каде запиша 14 гола на 43 меча.
Дека е целосно незадоволен од третманот во Јунајтед, Диало покажа и на социјалните мрежи, каде што ги избришал сите фотографии во дрес на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА