Американскиот боксер Деонтеј Вилдер ја одбрани шампионската титула во тешка категорија во ВБЦ верзијата. Вилдер синоќа во Бирмингам славеше против сонародникот Џералд Вашингтон со нокаут во петтата рунда.
Вилдер лошо се впушти во мечот против апсолутниот аутсајдер Вашингтон. Загуби во првите четири рунди, но во петтата покажа зошто се смета за еден од најдобрите во светот на боксот, посебно кога станува збор за нокаутот. Со неколку удари го испрати противникот на под, за да судијата потоа во вториот налет го прекина мечот.
Wilder vs Washington KO by situacijeliga
Ова е за Вилдер вкупно 38 победа во кариерата, во која досега нема пораз. Дури 37 меча ги заврши со нокаут, но првиот вистински предизвик дури сега му претстои затоа што ќе мора на ринг против еден од шампионите за обединување на титулата. Потенцијални противници му се ВБО шампионот, Џозеф Паркер и победникот од мечот меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко.
Од друга страна, на поранешниот играч во американски фудбал и маринец, Џералд Вашингтон ова му е прв пораз во кариерата во која има и 18 победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА