Уште еден очај на Челси, Тотенхем славеше во финишот над Лутон (ВИДЕО)

Колку Мауруцио Покетино да уверува дека ова е процес и дека треба да се издржи, сепак, Челси продолжува со лошите резултати во Премиерлигата. На домашен терен не го совладаа ниту тимот на Барнли, кој во финишот дури имаше шанса и за победа и тоа со играч помалку.

Асињон во 40. минута доби црвен картон и Барнли остана со играч помалку. Веднаш тоа го користат „сините“ и преку Палмер од пенал доаѓаат до предност. На стартот на вториот дел Кулен носи израмнување. Палмер одново стрела во 78. минута, но О’Ши во 81. минута носи израмнување. Во финишот Барнли ја погоди и пречката од голот на Петровиќ за предност и за победа.

Тотенхем славеше тешка победа со пресврт над Лутон. Уште во 3. минута гостите преку Чонг поведоа, а автоголот на Каборе донесе израмнување во 51. минута. За победата се погрижи Сон кој погоди во 85. минута од средбата.

Шефилд Јунајдед имаше водство од 3-1, поведоа и со 4-1, но потоа беше поништен, за Фулам да израмни на 3-3. Борнмут на домашен терен го совлада тимот на Евертон со 2-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...