Откако вчера во пријателски натпревар, македонската женска репрезентација загуби од Австрија со шест разлика, денеска австриската селекција славеше со дури 13.
На крајот резултатот беше 34-21, низ целосна доминација во ткеот на сите 60 минути од средбата.
На полувремето Австрија се стекна со шест поени предност, и не дозволи да се повтори вчерашниот меч кога беше „егал“ 16-16. Во вториот дел Австријките само додадоа „гас“ за на крајот убедлив триумф.
Овие пријателски натпревари се дел од подготовките на женската селекција која на крајот на ноември и почетокот на декември ја очекуваат натпревари од Европското првенство против Шведска, Турција и Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА