Уште еден помошник го напушта Гвардиола: Мареска пред промоција во Саутемптон

Откако Микел Артета го напушти Манчестер Сити и позицијата помошник тренер ја замени со прв тренер на Арсенал, на ист пат е да го стори тоа е и Енцо Мареска. Познатиот италијански фудбалер е поврзуван со клупата на Саутемтпон, доколку Ралф Хаасенхутл добие отказ од тимот поради лошиот старт на сезоната во Премиерлигата.

Мареска од оваа година е асистент на Пеп Гвардиола во Сити, но може многу лесно да си замине, и да тргне по стапките на Микел Артета кој во 2019 го напушти Гвардиола за да го преземе кормилото на Арсенал.

Втор кандидат за Саутемтпон е Доменико Тедеско, кој пред неколку недели доби отказ од Лајпциг, и во моментов е без ангажман.

Се вчитува...