Уште еден поранешен кошаркар на МЗТ Скопје во НБА лигата

Откако Хасани Гравет минатата сезона беше дел од тимот на Орландо Меџик, уште еден поранешен кошаркар на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром потпиша договор со тим од НБА лигата.

Се работи за Нуни Омот кој потпиша договор со една од најпознатите „франшизи“, Њујорк Никс. Детали околу договорот нема, а тимот од „Медисон сквер гарден“ само ја потврди оваа информација.

Нуни Омот беше дел од МЗТ Скопје во сезоната 2019/2020 каде помина три месеци во „Јане Сандански“.

Се вчитува...