Трендот на светски познати фудбалери кои имаат проблем со законот за жал продолжува, откако вечерва беше објавено дека голгетерот Висан Бен Једер бил уапсеп под сомнение дека силувал 23-годишна девојка во Франција.
Поранешниот фудбалер на Монако бил пријавен од девојката дека ја нападнал сексуално во саботата рано наутро. Неколку часа подоцна тој бил уапсен од полицијата, откако најпрвин одбивал да го запре автомобилот. Бен Једер бил во алкохолизирана состојба и негирал дека го извршил делото, но денеска веќе се појавил пред судот.
Почетокот на судењето е закажано за 15 септември, а на екс-фудбалерот на Монако му е дозволено да се брани на слобода, но со ограничување на движењето (од 20 часот до 8 часот наутро секој ден) и апсолутна забрана за било каков контакт со жртвата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА